„Кембриџ“ и во четврто, петто и шесто одделение

07.11.2014 16:21

Експертите од Кембриџ кои неколку дена ја следат наставата во македонските училиште ја потврдија успешноста од воведувањето на оваа програма, а часовите велат се поинтересни за учениците...

Основците од четврто до шесто одделение ќе учат од програмите од кои се образуваат учениците во Велика Британија. Догодина природни науки и математика ќе учат според Кембриџ.  Договорот за соработка предвидува  да се изработат нови учебници, а наставниците да добијат обуки од експертите од меѓународниот центар за наставни програми .

„Се работи за најсовремени наставни програми и учебници кои содржат нов интегративен концепт за изучување на предметите преку поголемо научно истражување од страна на наставникот и учениците“, изјави министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми.

„Новите наставни програми  овозможуваат одлична основа за натамошните фази од образованието на учениците и нудат постојан развој во чекор со најдобрите образовни системи во светот“, смета Ајше Селмани, заменик директор на Биро за развој на образованието.

Експертите од Кембриџ кои неколку дена ја следат наставата во македонските училиште ја потврдија успешноста од воведувањето на оваа програма, а часовите велат се поинтересни за учениците.

„Видовме наставници полни со ентузијазам кои подучуваат на нов начин и видовме деца кои исто така беа полни со ентузијазам учеа на нов начин“, нагласи Мајкл О’Саливан, Меѓународен центар Кембриџ.

„Навистина бев многу импресионирана од часот по природни науки и можам да и честитам на наставничката која успеала да ги собере сите ресурси и средства кои и беа потребни да го спроведе часот“, рече Хелен Екелс, Меѓународен центар Кембриџ.

Досега околу 5.000 наставниците беа обучени да предаваат според Кембриџ. Оваа наставна програма почна се применува од 1-ви септември, а беа опфатени основците од прво до трето одделение. Министерството за образование за оваа намена инвестираше околу 148 милиони денари, а Македонија е прва во регионот која ја имплеметираше оваа наставна програма.

 

Викторија Тодоровска