„Пучистите“ на кеј, Мисовски во Металург

07.11.2014 16:23

Таканаречените „пучисти“ опстојуваат на ставовите истакнати во соопштението каде што како главен виновник го посочуваат тренерот Червар...

Преку брза пошта на кејот на Вардар ракометарите на Металург ги добија клупските суспензии со важност до 18-ти месецов,по што е најавено седнување на заедничка маса. Таканаречените „пучисти“ опстојуваат на ставовите истакнати во соопштението каде што како главен виновник го посочуваат тренерот Червар и истовремено во новото  изразуваат жалење што сопственикот на клубот Јорданов со нив разговара преку телевизија сметајќи дека со ништо не заслужиле таков однос.

Истовремено клупското раководство се обидува да оформи ростер за настап во Лигата на шампионите, па денеска потпиша со голманот Петар Мисовски кој по трет пат во кариерата ќе го облече дресот на Металург.