Хјустон максимално

07.11.2014 16:41

Без Данкан и Џинобили, Спарси неможеа да им се спротивстават на Хауард кој забележа 32 поена и 16 скокови надополнети со 20-те поени на Харден...

6-та победа во исто толку натпревари за фантастичен лет на Ракетитте од Хјустон на стартот на новата НБА сезона. 98-81 против актуелниот шампион Сан Антонио што ги направи во моментов најуспешен тим во лигата. Без Данкан и Џинобили, Спарси неможеа да им се спротивстават на Хауард кој забележа 32 поена и 16 скокови надополнети со 20-те поени на Харден.

Во вториот од двата одиграни меча Портланд беше убедлив против Далас со 108-87 предводен од Олдриџ со 20 и Лилард со два поена помалку.