Голем интерес за Фејсбук страницата „Здрава бременост“
За два дена идните мајки поставиле повеќе од 100-тина прашања. Вчера на нив одговараше директорката на клиниката...

Кои прегледи се потребни во текот на бременоста за да се откријат аномалии кај плодот, висок притисок и шеќер во крвта кај идната мајка, како да се открие ризикот од предвремено породување, кои апчиња може, а кои не да се земаат во текот на бременоста... Ова се дел од прашањата кои идните мајки ги поставиле на новата Фејсбук страница „Здрава бременост“. Проектот кој почна завчера, веќе добива поддршка од трудниците.
„Ќе ни помогне, таму за се ќе ни објаснуваат, тоа е добро... Особено ако е прва бременост, има повеќе нејаснотии и повеќе страв кај жените, мислам дека е добро... Добро е за да можат сите жени во Македонија да се информираат...“, велат индните мајки.
За два дена идните мајки поставиле повеќе од 100-тина прашања. Вчера на нив одговараше директорката на клиниката.
„Овозможува мајките да бидат правилно упатени на потребните испитувања и за истото да бидат на некој начин и психички подготвени, односно знаат што да очекуваат кај матичниот гинеколог“, вели д-р Марија Хаџи Лега, директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Оваа страница ја промовира и мајчината книшка. Се споделуваат и совети за здрава бременост.
Велат бременоста е неверојкатно искуство исполнето со возбуда и по малку страв, секоја идна мајка има секојднева потреба од стручни совети за тоа што е најдобрто за неа и нејзиното бебе.
Андријана Атанасовска
