Претседателот Иванов на изложба на пронајдоци од млади истражувачи
По повод Светскиот ден на науката во просториите на Народната канцеларија на претседателот на Македонија се одржа изложба на пронајдоците на најмладите иноватори на која присуствуваше и Ѓорѓе Иванов.

Овие млади научници се на почетокот од истражувачката кариера. Исидора Стојковска и нејзините соученици се едни од ретките што својот придонес во науката го даваат преку иновациите. Уште од почетокот на средношколските денови почнале заедно да истражуваат.
„Сработивме проект за индивидуален станбен објект според стандардните нормативи за енергетска ефикасност“, вели Исидора Стојковска, ученик.
„Проектот е една година, годинаипол, бидејќи тоа е проект за осмислување на енергетска ефикасност“, вели еден ученик.
„Се гордеам со моите ученици и се надевам дека и понатаму ќе продолжиме така да работиме со иновации“, рече Виолета Спасовска, професор.
Менторите од ФЕИТ постојано ги мотивираат младите да го покажат својот потенцијал и својата идеја да ја претворат во реалност .
„ФЕИТ којшто во рамките на својата стратегија на развој се труди развојот на техниката да ја поттикнуваме уште на почеток на малите деца, уште од основните училишта, преку средните училишта до факултетот“, изјави Миле Станковски, декан на ФЕИТ.
Македонија има талентирани млади, кои сакаат да креираат нови дела. Најголем показател за тоа е огромниот интерес за нови пронајдоци.
„Во секој епрувета ставаме различна прехрамбена боја и после 24 часа добиваме прекрасен магичен цвет“, вели ученичка-иноватор.
По повод светскиот ден на науката во просториите на Народната канцеларија на претседателот на Македонија се одржа изложба на пронајдоците на најмладите иноватори на која присуствуваше и Ѓорѓе Иванов.
Лука Андреев
