Преполовен износот кој Велика Британија треба да го внесе во европскиот буџет
07.11.2014 18:56
Лондон треба во две рати да уплати 850 милиони фунти, коишто Брисел ги бара бидејќи на британската економија и одело подобро од прогнозираното...

Велика Британија извојува голема победа над Европската Унија. Преполовен е износот од 1,7 милијарди фунти што треба да го внесе во европскиот буџет.
„Наместо да ја платиме сметката, ја преполовивме, ја одложивме и нема да плаќаме камата. Ако има грешка, ќе си ги добиеме парите назад. Исто така, трајно ги сменивме правилата на Унијата за ова да не се случи повторно“, рече Џорџ Озборн, министер за финансии на Велика Британија.
Лондон треба во две рати да уплати 850 милиони фунти, коишто Брисел ги бара бидејќи на британската економија и одело подобро од прогнозираното.
