ЕУ ја започна истрагата за корупција во Еулекс

07.11.2014 18:58

Отворен е случајот против пратеникот на ДПК Суља и уште деветмина за организиран криминал...

Европската Унија ја почна истрагата за корупција во Еулекс. Отворен е случајот против пратеникот на ДПК Суља и уште деветмина за организиран криминал.

Коха Диторе објави дека со помош на главниот обвинител Рател избегнале судење за убиства и незаконски присвоиле земјиште вредно 100 милиони евра. Бидејќи ги изнела во јавност сомневањата, пред дисциплинска комисија е повикана обвинителката Бами.