Киев: Во источна Украина влегле 32 руски тенкови

07.11.2014 19:02

Рускиот претседател Путин свика седница на советот за безбедност поради влошувањето на ситуацијата во Донбас...

На истокот на Украина потензично од кога било Киев соопшти дека преку граничниот премин Изварино влегле 32 руски тенкови, а во рок од 24 часа загинале 5 војници.

„Вчера од руска територија кон Краснији Луч е забележано движење на 32 тенкови, 16 хаубици и 30 воени камиони Камас“, рече Андриј Лисенко, портпарол на Националниот совет за безбедност и одбрана.

Претходно рускиот претседател Путин свика седница на советот за безбедност поради влошувањето на ситуацијата во Донбас, а ОБСЕ го обвини Киев дека не се придржува до договорот од Минск. Германски Шпигел пишува дека НАТО планира провокации – голема воена вежба на руско-украинската граница.