Велика Британија и Германија со план за деблокада на реформите во БиХ
07.11.2014 19:03
Според планот, Босна и Херцеговина треба да стане членка на Унијата до 2025...

Велика Британија и Германија ковале план за деблокирање на реформите во Босна и Херцеговина. Вчера го објавија шефовите на дипломатиите Хамонд и Штајнмаер кои побараа од босанските политички лидери писмено да се обврзат на институционални реформи, а за возврат тие ќе издејствуваат поддршка од земјите членки за одобрување на спогодбата за асоцијација.
Според планот, Босна и Херцеговина треба да стане членка на Унијата до 2025.
