Работнички суспендиран, дали и помилуван?
Екипата на Работнички е исклучена од првата лига и е префрлена во најнизок ранг на натпреварување - во третата лига, а притоа се изречени и парични казни за двата клуба учесници во дербито...

Со одлука на комесарот за натпревари на кошаркарската федерфација Боби Јосифовски, кој доследно почитувајќи ги пропозициите, екипата на Работнички е исклучена од првата лига и е префрлена во најнизок ранг на натпреварување- во третата лига, а притоа се изречени и парични казни за двата клуба учесници во дербито.
На итната седница на здружението на кошаркарските клубови свикана по скандалот на дербито Работнички –МЗТ што почна со скандалозно бркање на новинарите од просториите на КФМ, прволигашите изразиле несогласување со одлуката на комесарот и се против суспензијата на Работнички со барање нивниот став да биде пренесен на арбитражната комисија како полседна инстанца што ќе решава по случајот и по најавената жалба на Работнички.
