Карлсен и Ананд за нова шаховска историја
о Магнус Карлсен, Норвешка го доби првиот свој шаховски великан. Со 23 години, Карлсен е еден од најмладите светски шампиони. Ананд, брзо се крена...

Шаховскиот свет е насочен кон Сочи. Во градот кој се здоби со олимписка слава, Магнус Карлсен и Вишванатан Ананад денеска влегуваат во нов меч за шаховската круна.Двајцата најсилни шахисти на денешницата после една година одново седнуваат на таблата еден наспроти друг, испишувајќи нова сага за шаховската историја. Но, сега во различни улоги! Лани во Ханти Мансиск Ананд ја бранеше титулата, а Карлсен беше предизвикувачот. Цели шест години, Ананд владееше на црно-белите полиња. Три пати успешно ја бранеше титулата.До ноември 2013-та кога со 6.5:3.5 поени беше надигран од многу помладиот претендент и мораше да ја предаде круната.
Во Магнус Карлсен, Норвешка го доби првиот свој шаховски великан. Со 23 години, Карлсен е еден од најмладите светски шампиони. Ананд, брзо се крена.Блесна на исклучително тешкиот турнир на кандидатите без ниту една загубена партија и се здоби со можност за враќање на титулата.Според шаховските експерти, Карлсен е голем фаворит во претстојната битка.Младоста, физичката и ментална енергија и пред се шаховската харизма се адутите на светскиот шампион! Ќе успее ли 44-годишниот Индиец со препознатливата смиреност и огромно искуство да ги демантира ваквите прогнози? Во Сочи ќе се играат 12 партии. Ако резултатот е нерешен 6:6 ќе има доигрување во забрзано темпо. Наградниот фонд е 1 милион долари, од кои победникот ќе добие 600 илјади долари. Во денешната прва партија белите фигури ќе ги води Вишванатан Ананд.
