Лас Вегас е најновата дестинација на владиното роуд-шоу
Дел од сопствениците на фирми во Америка веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија за одблиску да се запознаат со земјата во која има ниски даноци за бизнис и квалификувана работна сила...

На американскиот континент. По Њујорк, Чикаго и Лос Анџелес, беа презентирани можностите за отворање бизнис во македонија пред инвеститорите од Лас Вегас, град во кој се развиени, нафтената и прехранбената индустрија био медицината, но и информатичкта технологија и пред се хотелскиот бизнис вклучувајќи ги и игрите на среќа.
Дел од сопствениците на фирми во Америка веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија за одблиску да се запознаат со земјата во која има ниски даноци за бизнис и квалификувана работна сила.
Премиерот Никола Груевски пред присутните претставници на компании ги образложи условите за водење на бизнис и можностите кои им стојат на располагање. Тој посочи дека владата е целосно насочена кон привлекување на инвестиции од различни сфери се со цел поддршка на економскиот развој, и во таа функција е посетата на сад како земја која содржи голем економски и инвеститорски потенцијал.
