4117 евра е највисоката плата во јавниот сектор во Србија
08.11.2014 16:19
Највисоката плата во јавниот сектор е поголема од платата на премиерот Вучиќ за 1300 евра, а од примањата на претседателот Николиќ за 1075...

Најголемата плата во јавниот сектор во Србија во август изнесувала 4117 евра, а ја примил сега поранешниот директор на дирекцијата за цивилно воздухопловство.
Меѓу 85 најплатени јавни функционери се наоѓаат и уште 9 негови колеги. На листата најплатени се и 19 судии чии плати достигнуваат до 3025 евра. За разлика од Хрватска каде на ваквата листа има дури 86 лекари, на српската има само двајца. Највисоката плата во јавниот сектор е поголема од платата на премиерот Вучиќ за 1300 евра, а од примањата на претседателот Николиќ за 1075.
