Средба на министерот Поповски со новиот еврокомесар за проширување
Еврокомесарот Хан на 20-ти ноември ќе ги посети Белград и Подгорица, а средбата со Попоски ќе му биде прва со министер од земја – кандидат за членство во Европската унија...

На полето на дипломатијата – во среда во Брисел ќе се сретнат министерот за надворешни Поповски и новиот еврокомесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Човекот кој на први ноември ја презеде новата должност од Штефан Филе, за почетокот на својот мандат, има зацртано да оствари средби со сите земји од западен Балкан, како знак дека преговорите за проширување не се симнати од агендата на Брисел.
Еврокомесарот Хан на 20-ти ноември ќе ги посети Белград и Подгорица, а средбата со Попоски ќе му биде прва со министер од земја – кандидат за членство во Европската унија.
