„Јустиција“ не ја попречи работата на Судот за прекршоци

08.11.2014 16:31

Наскоро одделот за прекршоци и со ново софтверско решение за електронска евиденција на предметите...

Судот за прекршоци работи со полна пареа. Нема застој по спроведувањето на полициската акција „Јустиција“, во која беа уапсени 14 судии од одделот за прекршоци. 7-темина новоделегирани ги засукаа ракавите и интензивно работат.

Наскоро одделот за прекршоци и со ново софтверско решение за електронска евиденција на предметите. Ќе се  има увид кој колку предмети завршил и како постапувал по нив. Иако овој суд има најмногу предмети - околу 25 илјади, досега се работеше со стар софтвер, а извештаите за работа се пишуваа рачно.

Во акцијата „Јустиција“ беа разрешени 14 судии, од кои пет се во пензија, а девет  активни. Со нив беа приведени и 11 нивни стручни соработници. Преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра.