Промовирана книгата “Името, нашата татковина“
Промовирана книгата “Името, нашата татковина“ во која се презентира фактот дека Македонија и Македонците имаат континуитет во своето постоење. Книгата е преведена и на англиски јазик со цел да дојде до рацете на што поголем број читатели...

Името Македонија и Македонец имаат историски континуитет. Денес, генерациите се соочуваат со сеништата кои беа доминантни кон крајот на 19 и почеток на 20 век кога се негираше постоењето на македонскиот идентите. Ова го посочуваат историчарите кои зборуваа за историските факти содржани во книгата „Името нашата татковина“ што ја издаде Македонски манифест.
„Извадоци од разни историски документи, преку кои од антиката до денес, се презентира дека името Македонија и Македонци има свој континуитет и никогаш немало прекин“, вели проф. д-р Тодор Чепреганов- историчар.
Соочени пред ситуација за промена на името на Македонија за влез во Евроспката унија и НАТО, историчарите децидни дека никој нема право да го менува она што се пренесува од колено на колено.
„Името Македонија и македонци не е добиено на референдум и кој ни дал нас право да изелземе на рефереднум и да менуваме нешто што се пренесува од генерација до генерација“, смета проф. д-р Тодор Чепреганов- историчар
Книгата е преведена и на англсики јазик за пошироката публика да може да се запознае со историските вистини кои во најголем дел се наоѓаат во архивите на другите држави, велат промоторите.
Катерина Дафчева
