Опстојување на „македонски јазик“
Македонски манифест најенергично го отфрла објаснувањето на Ричард Ховит, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, со кое предложи амандман на сопствениот извештај – да се избрише единствената придавка „македонски“ што ја употребува во текстот. „Изразувам загриженост дека помалку млади луѓе се чини дека го изучуваат јазикот на другиот и барам акција по ова прашање за да се избегне поделба и потенцијални конфликти по етничка линија меѓу децата на училишна возраст“, напиша Ховит во новиот параграф.
Македонски манифест најенергично го отфрла објаснувањето на Ричард Ховит, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, со кое предложи амандман на сопствениот извештај – да се избрише единствената придавка „македонски“ што ја употребува во текстот. „Изразувам загриженост дека помалку млади луѓе се чини дека го изучуваат јазикот на другиот и барам акција по ова прашање за да се избегне поделба и потенцијални конфликти по етничка линија меѓу децата на училишна возраст“, напиша Ховит во новиот параграф. Тоа е обид со уцени од сите страни да му се стави точка на македонското опстојување за Името, оценуваат во. македонскиот манифест кој го повикува македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија - да не се попушти. Придавката „македонски“ може да ја протераат од ЕУ, но не можат да ја искоренат од Македонците, се вели во соопштението на Македонскиот Манифест.
