Велешани во хуманитарна акција за помош на семејството Давчевски
Едни самоиницијативно, други организирано, стигнува помош за велешкото семејство Давчевски на кои пред седум дена пожар им го пеплоса домот..

„Помогнавме колку што можевме самоиницијативно и газдата во пелени, влажни марамици алишта, што е можно повеќе“, рече Дарко Николов
На маката на човкот се познава хуманоста на другиот, велат од невладината Уметност на живеење.
„Ние помагаме секаде каде што е потребно. Денеска сме тука во Велес заедно со хуманите граѓани да му помогнеме на ова семејство“, рече Соња Малинова, волонтер во Хуманитарно здружение Уметност на живеење.
Парична помош семејството Давчевски веќе доби од локалната самоуправа. Работници од „Дервен“ работеа на расчистување на остатоците од опожарената кука. Бизнис секторот веќе се организира.
„Ќе пробам да ги организирам луѓето со кои што работам долго време сум во градежниството и верувам дека ќе наидам на одзив“, рече Милош Дукич, бизнисмен.
„И овој пат ќе помогнеме со донирање на средства за ова семејство за да им с еобезбеди нов дом“, рече Благој Шалев, бизнисмен.
Домот го загубивме но надежта не, вели Веливор.
„Тешко е да се гледа вака турната куката мене многу ми е тешко ама барам помош од сите хумани луге да ми помогнат за сите четири малолетни керки за да можам да се вратам во мојата куќа“, рече Велибор Давчевски, сопственик на опожарената куќа.
Давчевски е многудетно семејство во кое таткоти и мајаката се невработени. За нив голема среќа во целата оваа трагедија е што децата успеале да ги спасат пред да падне покривот од семејната дом.
Семејството Давчевски ја очекува хуманата помош. Но сега на ова семејство најпотребно им е да се јави градежна компанија која ќе ги охрабри со информацијата дека наскоро на ова место овде ќе започне изградбата на новиот дом на шестчленото семејство.
Дијана Иванова
