„Златниот гонг“ за Демај!
Вториот вистински кандидат за главната награда, Англичанецот Џошуа Буатси во средна категорија го нокаутираше нашиот боксер Димитар Ташков и го доби признанието најдобар техничар...

Беше доминантен, победи со технички нокаут и Албанскиот боксер Кристијан Демај заслужено го освои признанието најдобар на 44-от меѓунаредон турнир „Златен гонг“. Во категоријата до 91 килограм, првиот албански боксер победник на „Гонгот“ трипати го принуди судијата во рингот да му брои на македонскиот репрезентативец, Илчо Јоноски.
Вториот вистински кандидат за главната награда, Англичанецот Џошуа Буатси во средна категорија го нокаутираше нашиот боксер Димитар Ташков и го доби признанието најдобар техничар.
Амет Еминовиќ беше подобар од Романецот Михаи во категоријата до 60 килограми и е единствен Македонец кој славеше во финалето, па беше прогласен за најдобар домашен боксер. Од вкупно седумтемина наши натпреварувачи, поразени беа и Исак Сулеман, Идриз Бислими, Сашо Лескароски и Бојан Ристески.
Албанија и Бугарија имаа по четири триумфи, меѓу нив и Радослав Пантелеев кој го доби признанието најуспешен странски боксер, а неговиот е и најдобар тренер на турнирот, Поп Тонев. Во полутешка категорија Пантелеев го совлада Црногорецот Драшовиќ.
Иако загуби од Албанецот Кучари во категоријата до 64 килограми, со ангажираноста Насер Шаља ја заслужи наградата најборбен натпреварувач. Поради максималната професионалност најдобар судија е Рон Кирни од Велика Британија.
Во вкупно 14-те финални борби, триумфираа и Бугарите Банабаков, Димитров, и Стефанов, Албанците Бегеречи и Сора, Црногорецот Саботиќ, претставникот на Босна и Херцеговина Кучук и англиските боксери Харви и Есуман.
