Пораз на Антиќ

08.11.2014 17:17

За 23 минути македонскиот интернационалец постигна осум коша со шут три од осум, два скока, три асистенции и една украдена топка. Атланта има три порази во четири меча, а со максимално постигнување и натаму се трите најдобри екипи на западот...

Атланта на Перо Антиќ загуби на паркетот на Шарлот со 122-119 со тројка на Стивенсон во последната секунда од второто продолжение. За 23 минути македонскиот интернационалец постигна осум коша со шут три од осум,  два скока, три асистенции и една украдена топка. Атланта има три порази во четири меча, а со максимално постигнување и натаму се трите најдобри екипи на западот. Од нив ноќеска играше само Мемфис кој се радуваше во Оклахома со 91-89 и сега има шест победи без ниту еден пораз, идентично какоХјустон. Голден Стејт има 4-0. Кај Оклахома не играа Вестбрук и Дурент, а во редовите на Мемфис незаприлив беше Мајк Конли со 20 поени.

Во ноќешната понуда од 11 натпревари, уште два завршија по дополнително време. Орландо дома ја совлада Минесота со 112-103, а Сакраменто го победи Хјустон како гостин со 114-112. За одбележување е и втората победа на Кливленд на Леброн Џејмс остварена во салата на Денвер со 110-101. Леброн даде 22 коша, а забележа и 11 асистенции.