Застреланиот полициски службеник не бил на работна задача
Полициски службеник е застрелан синоќа во близина на трговскиот центар Мавровка. Не бил во службена униформа и приватно бил изнезен во чаршијата. Пренесен е во ургентниот центар од кадешто е пуштен на домашно лекување.

Полициски службеник вчера вечер бил мета на вооружени напаѓачи. Еден час пред полноќ, во близина на трговскиот центар Мавровка, одекнал истрел од огнено оружје.
Полицискиот службеник не бил на работна задача и приватно бил излезен во старата скопска чаршија. Кога тргнал да си оди дома, пред да влезе во автомобилот, двајца нему непознати напаѓачи му пришле од зад грб и го застрелале во левото рамо.
Не бил тешко повреден, па по преврската во ургентниот центар е пуштен на домашно лекување. Станува збор за службеник од редовниот полициски состав, вработен во локална полициска станица.
„МВР изврши увид на местото на настанот при што пронајде една чаура која е земена за понатамошно значење“, рече Марија Јаковлевска, портпарол на МВР.
Првичната истрага нападот на полицаецот не го поврзува Sо рациите на инспекторите во старата скопска чаршија. Мотивите се нејасни, а сторителите непознати. Дали некој незадоволен угостител сакал со оружје да ги израмни сметките, оваа околност дополнително ќе се расветлува.
Анита Димитријевска
