Се чекаат нови инвестиции од ветената земја
За пет дена – инвестициските можности претставени во четири моќни градови од САД. Американски компании сакаат да прават бизнис во нашата земја...

Владиното роуд шоу во САД финишираше со презентација на инвестициските поволности пред бизнисмените од Лас Вегас, градот познат игрите на среќа, но и по развиените туризам, хотелиерство, нафтена и прехрамбена индустрија, информатичка технологија. Властите очекуваат успешната посета да резулира со нови инвестиции од ветената земја.
„Доста компании, доста присутни на презентациите и голем интерес. МНогу прашања, многу лични контакти после самата презентација, неколку од нив веќе најавија доаѓање во Македонија, некои и објавија дека ќе инвестираат во Македонија. Ќе ги продолжиме контактите со нив, особено со оние кои размислуваат да инвестираат во Македонија“, рече премиерот Никола Груевски.
Добрата инфраструктира, изградбата на трите автопати и на железницата, ниските даноци и квалификувана работна сила, лесниот пристап до европскиот пазар – мамка за американските инвеститори.
„Навистина сум импресиониран од Владата на Република Македонија и нејзините напори да го олеснува и овозможува доаѓањето на компании во државата, со што овозможува процесот на инвестирање и транзиција на капиталот да го направи супер полесен. Што е спротивно на многу држави кои ставаат пречки и прават блокади на тој процес“, рече Ричард Кравфорд, бизнисмен.
Лас Вегас и јужна Невада се интересни бидејќи има разновидна економска база, односно овде се развиени и технолошко производствената индустрија, медицинската, но и градежништвото и трговијата со недвижности..
„Америка генерално е важна за нас затоа што најголемиот број од новите гринфилд инвестиции доаѓаат од САД. Оваа го правиме како една главна цел постојано да имаме отворање на нови работни места, со разновен тип на економска активност, што ќе допринесе за подобрување на стандардот кај граѓаните“, рече министерот за странски инвестиции Веле Самак.
Последното владино роуд шоу опфати 4 градови во Америка, Њујорк , Чикако, Лос Анџелес и Лас Вегас, форумите минаа со голема заинтересираност на американските бизнисмени од различни сектори. Дел од нив веќе најавија посети на Македонија и отворање бизнис во земјава.
Миле Ристески
