Терористички напад во Волгоград

29.12.2013 13:20

Бомбашки напад на железничка станица во градот Волгоград во јужниот дел на Русија. Најмалку 18 луѓе загинале а над педесет се повредени.  Нападот го извршила жена самоубиец, која ја активирала експлозивната направа во близина на влезот во станицата, соопшти рускиот комитет за антитероризам. По експлозијата која се случила изутрината, на местото пристигнале поголем број амбулантни возила, а глетката била запрепастувачка.

Бомбашки напад на железничка станица во градот Волгоград во јужниот дел на Русија. Најмалку 18 луѓе загинале а над педесет се повредени.  Нападот го извршила жена самоубиец, која ја активирала експлозивната направа во близина на влезот во станицата, соопшти рускиот комитет за антитероризам. По експлозијата која се случила изутрината, на местото пристигнале поголем број амбулантни возила, а глетката била запрепастувачка. Насекаде тела лежеле меѓу искршените стакла.Нападот, за кој досега ниедна група не ја презеде одговорноста,  се случува неколку месеци по видео-повикот на чеченскиот лидер Доку Умаров , за нови терористички напади  и употреба на максимална сила за да го спречат одржувањеето на зимските олимписки игри во Сочи во февруари наредната година. Москва е загрижена поради порастот на насилствата на исламистичките бунтовници, најчесто жени самоубијци,  кои потекнуваат од Северен Кавказ и кои последниве години напаѓаат во големите руски градови. Волгоград е 650 километри одддалечен од Кавказ и 700 километри од Сочи.

Марија Петковска