„Мој термин“ - 45 илјади пациенти не се појавиле на закажаниот преглед!

08.11.2014 18:06

Од почетокот на годинава, бројката е уште поголема, дури 420 илјади. На ортопедија, каде е најдолга листата на чекање, во просек по 2.700 пациенти месечно не доаѓале во договореното време. Казни не се предвидени. Министерот Тодоров бара јавна дискусија за надминување на проблемот...

Алармантни податоци од „Мој термин“. 45 илјади пациенти не се појавиле на закажаниот преглед во октомври. Од почетокот на годинава, бројката е уште поголема, дури 420 илјади. На ортопедија, каде е најдолга листата на чекање, во просек по 2.700 пациенти месечно не доаѓале во договореното време. Казни не се предвидени. Министерот Тодоров бара јавна дискусија за надминување на проблемот.

„Тоа се 48.795 закажани термини на коишто докторот бил во својата ординација, здравствениот систем бил спремен, а пациентите иако го имале закажано прегледот на крај не се појавиле“, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Кај лекарите, ригорозните казни за четири пати го намалија бројот на доцнења  на работа. И  не почитувањето на  работното  време. Од 162-ца минатиот месец, сега се санкционирани само 40 доктори. Пациентите пред ординација чекале подолго од еден час.

„Против сите овие доктори беше поведена дисциплинска постапка и за тоа сум известен од сите директори. Како резултат на оваа акцијашто ја спроведовме со задоволство можам да констатирам дека овој месец бројот на оние доктори кои доцнеле повеќе од трипати повеќе од еден час на првиот закажн термин е значително намален“, рече Никола Тодоров, министер за здравство.

Во Данска, ако пациент не се појави на закажаниот термин или навреме не го откаже, ќе плати 70 евра. Слично е и во Канада, Германија и Белгија, земји во кои новиот термин е на сметка на пациентот.

Јасмина Никова