Судот за прекршоци работи со полна пареа
До15 декември одделот за прекршоци ќе биде технички и кадровски екипиран, со што и натаму ќе ги исполнува задачите, согласно законските одредби, уверуваат од Скопска единица...

Судот за прекршоци работи со полна пареа. Нема застој по спроведувањето на полициската акција „Јустиција“, во која беа уапсени 14 судии од одделот за прекршоци. 7-темина новоделегирани засукаа ракави и интензивно работат.
„Според последните статистички податоци во месец Октомври изработени и верификувани се 1800 предмети. Тоа значи дека судиите ги исполниле зададените норми. И судиите кои што беа делегирани од страна на Судскиот Совет ги превземаа предметите во работа.С е работи ажурно и тековно, навремено се завршуваат зададените норми за рокот на постапување по предметите“, рече Паула Божиновски, портпарол на Основниот суд 1 – Скопје.
Наскоро одделот за прекршоци и со ново софтверско решение за електронска евиденција на предметите. Ќе се има увид кој колку предмети завршил и како постапувал по нив. Иако овој суд има најмногу предмети - околу 25 илјади, досега се работеше по стар софтвер, а извештаите за работа се пишуваа рачно.
До 15 декември одделот за прекршоци ќе биде технички и кадровски екипиран, со што и натаму ќе ги исполнува задачите, согласно законските одредби, уверуваат од Скопска единица.
Во акцијата „Јустиција“ беа разрешени 14 судии, од кои пет се во пензија, а девет активни. Со нив беа приведени и 11 нивни стручни соработници. Преку застарување на над 8 илјади предмети го оштетиле буџетот за 1,3 милиони евра.
Наташа Гркова-Петрушевска
