Раскинат договорот со Сахара груп за „Џумајлија“
08.11.2014 18:18
Според договорот потпишан во јули 2013, Сахара груп требаше да плаќа годишен закуп од 121 илјада евра за 5.353 хектари земјоделско земјиште...
Со активирање на банкарската гаранција од околу три милиони евра, Македонија ја почна постапката за раскинување на договорот со индиската компанија Сахара груп за комбинатот „Џумајлија“.
Гаранцијата, информира портпаролот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Соња Трајкова, е активирана во банката „Сосиете женерал“.
„Министерството стриктно ќе се држи до одредбите од договорот и тоа беше посочено на неколку состаноци пред активирање на банкараската гаранција“, изјави Трајкова, нагласувајќи дека со ваквата постапка се штити интересот на државата.
Според договорот потпишан во јули 2013, Сахара груп требаше да плаќа годишен закуп од 121 илјада евра за 5.353 хектари земјоделско земјиште. Се обврза во првите 18 месеци да набави најмалку 8.000 грла крави, да вработи 900 лица и да инвестира најмалку 60 милиони евра. Уште тогаш се знаеше дека ако не исполни дел од обврските, ќе биде активирана банкарската гаранција од 5 отсто од планираните инвестиции за првата 1,5 година, односно 3 милиони евра.
