Горбачов: Светот е на работ на нова студена војна
08.11.2014 18:33
Тој ги критикуваше САД за триумфализам по падот на комунизмот и апелираше да се обнови дијалогот со Русија...

25 години по падот на Берлинскиот ѕид, светот е на работ на нова студена војна, а таму го доведоа светските сили, обвини поранешниот советски лидер Горбачов.
Тој ги критикуваше САД за триумфализам по падот на комунизмот и апелираше да се обнови дијалогот со Русија. На одбележувањето на годишнината во Берлин Горбачов рече дека кога се добри односите Германија-Русија, Европа е мирна, а целиот свет подобар.
