Озборн спинувал за сумата што треба да ја уплати Лондон во евро-буџетот
08.11.2014 18:40
Европските министри за финансии потврдија дека Британија не добила попуст – ќе ја плати целата сума од 1,7 милијарди фунти на две рати, до септември...

Британскиот министер за финансии Озборн спинувал кога рекол дека Брисел се согласил да ја преполови сумата што треба да ја уплати Лондон во евро-буџетот. За ова го обвинија лабуристите, а европските министри за финансии потврдија дека Британија не добила попуст – ќе ја плати целата сума од 1,7 милијарди фунти на две рати, до септември.
Озборн вчера објави победа за британските плаќачи на данок, кои сепак нема да заштедат ни пени.
