Вардар поразен во Белорусија

08.11.2014 18:44

Вардар без повредениот Душебаев и Стоилов во ростерот, без Штербик кој не доби минутажа, Карачич само во второто полувреме, и со непрепознатливиот Дибиров, понуди многу технички грешки, лоша реализација и пропустлива одбрана...

Бранителот на титулата во Сеха лигата, Вардар, го доживеа вториот пораз на деветиот натпревар во оваа конкуренција. Мешков Брест повторно демонстрираше сила на свој терен и славеше со 30-22. Ракометарите на белорускиот шампион им се одмаздија на вардарци за загубеното финале од Сеха лигата во Нови Сад во април.

Вардар без повредениот Душебаев и Стоилов во ростерот, без Штербик кој не доби минутажа, Карачич само во второто полувреме, и со непрепознатливиот Дибиров, понуди многу технички грешки, лоша реализација и пропустлива одбрана.

Само водство од 4-3 во осмата минута, и уште само 5 гола до крајот на полувремето кое го загубија со 13-9. Во вториот дел само 20 минути на ниво со позитива од 12-6 и факање приклучок 19-21 и потоа распад на системот до крајот.

Силниот и мотивиран состав знаеше да го казни тоа и на криљата на одличниот Пешиќ на голот, кој имаше 15 одбрани, да и се радува на убедлива победа и увертира пред мечот од ЛШ со Загреб дома идниот викенд. Одлично фукционираа и бековите Божовиќ и Шпилер со по 6 гола и Манојловиќ со 5, иако најефикасен беше пивотот Стојкович со 7.

Црвено-црните кои загубија вторпат на гости по Веспрем и повторно со 8 гола разлика, немаа ниту игра и логично ниту вистински предводник и расположен ракометар. Терзиќ најефикасен со 4 гола по три постигнаа Лацковиќ и Чипурин. Идната сабота во Скопје во ЛШ, Веспрем е шансата за лечење на белоруската рана.