Фонд од 28,5 милиони долари за борба против еболата
08.11.2014 18:54
По речиси 5000 починати, бранот на заразата подзапира, но ситуацијата останува критична...

Африканските бизнисмени и корпорации формираа кризен фонд од 28,5 милиони долари за борба против еболата. Исто така, ќе испратат 1000 здравствени работници во Гвинеа, Сиера Леоне и најтешко погодената Либерија.
По речиси 5000 починати, бранот на заразата подзапира, но ситуацијата останува критична.
