Водечките меѓусебе

09.11.2014 01:08

Скопските „Романтичари“ со игрите се повеќе потсетуваат дека се актуелни шампиони. Шкендија е инспиративен противник и предизвик за Работнички, евентуално да стави крај на лоѓите резултати против „црвено-црните“ на Градскиот стадион во Тетово...

Меѓусебните дуели на четирите водечки екипи во фудбалското првенство на Македонија се главното обележје на 15 –то коло.Вардар го пречекува Металург, Шкендија е домаќин на Работнички. Според нивните дуели од првиот дел од првенството може да се очекува нова голеада. Во август Вардар на стадионот во Ѓорче Петров беше подобар од Металург со 4:1, а Работнички ја порази Шкендија со 3:2. Тоа беше еден од најсодржајните  натпревари во ова првенство со резултатски пресврти и атрактивни голови. За нијанса мечот во Тетово и денеска има поголема привлечност. Шкендија е со исклучително силен играчки кадар. Но, и со резултатски осцилации во кои спаѓа неделниот неочекуван пораз од соседот, Ренова со 1:0. Најдобриот начин да се отстрани лузната е победа над Работнички, кој е во фантастична резултатска серија од 6 победи едноподруго.

Скопските „Романтичари“ со игрите се повеќе потсетуваат дека се актуелни шампиони. Шкендија е инспиративен противник  и предизвик за Работнички, евентуално да стави крај на лоѓите резултати против „црвено-црните“ на Градскиот стадион во Тетово. Тоа ќе биде натпревар и со ревија на најдобрите стрелци во првенството. Од едната страна Вручина и Кировски, а на спротивната Алтипармаковски и Стојков.

Прва лига: 15 коло-13 часот

Вардар-Металург

Шкендија-Работнички- пренос МТВ

Хоризонт-Тетекс

Брегалница-Ренова

Пелистер-Силекс

Табела:

1.Вардар         34

2.Работнички 28

3.Шкендија    24

4.Металург     21

5.Силекс         21

6.Ренова         19

7.Пелистер     17

8.Хоризонт     17

9.Брегалница   9

10.Тетекс          2