Пристигна телото на Дениса
Од министерството за надворешни работи преку кои се одвиваше транспортот велат дека здравствените екипи го прифатиле сандакот по 21 часот кога ја поминало државната граница со Грција и го спровеле во институтот за судска медицина во Скопје...

Почна обдукцијата на телото за кое грчките форензичари тврдат дека е на починатата прилепчанка Дениса Маркоска. Резултатите ќе бидат познати откако ќе заврши обдукцијата.
Од министерството за надворешни работи преку кои се одвиваше транспортот велат дека здравствените екипи го прифатиле сандакот по 21 часот кога ја поминало државната граница со Грција и го спровеле во институтот за судска медицина во Скопје. Телото во главниот град пристигнало околу 1 часот по полноќ по што обдуцентите почнале со работа. Семејството Маркоски побара реобдукција затоа што се сомнева во наодите на лабораторијата во Атина. Што ќе покаже повторената обдукција ќе соопшти министерството за здравство ако за тоа добие согласност од семејството.
