Ал Каеда се обидела да го убие амбасадорот на САД во Јемен

09.11.2014 16:21

Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот на Јемен Хади и требало да бидат активирани во четвртокот, кога американскиот амбасадор Метју Тјулер излегувал од зградата по средбата со шефот на јеменската држава...

Терористичката мрежа Ал Каеда соопшти дека се обидела да го убие американскиот амбасадор во Јемен, но дека  поставените две експлозивни направи биле откриени неколку минути пред активирањето.

Во соопштението објавено на исламистички портал, Ал Каеда тврди дека двете бомби биле поставени пред домот на претседателот на Јемен Хади и требало да бидат активирани во четвртокот, кога американскиот амбасадор Метју Тјулер излегувал од зградата по средбата со шефот на јеменската држава.

Јемен е еден од клучните сојузници на Вашингтон во борбата против Ал Каеда. Тамошните власти им дозволија на американските сили да вршат напади со бесполотни летела на територијата на Јемен.