Берлински ѕид - Незаборавниот 9 Ноември 1989 година

09.11.2014 16:26

Официјалниот дел од прославата на уривањето на берлинскиот ѕид што се случи на 9 ноември 1989-та започна утрово во меморијалот на Бернауер Штрасе. Канцеларката Ангела Меркел им оддаде почит на оние кои ги загубија животите на Берлинскиот ѕид...

Датум на столетието, ден на Германците- сето тоа и многу повеќе беше 9 Ноември 1989. Пред се за граѓаните на ГДР, но и за цела Германија. Тоа е голем ден и за Европа.

Официјалниот дел од прославата на уривањето на берлинскиот ѕид што се случи на 9 ноември 1989-та започна утрово во меморијалот на Бернауер Штрасе. Канцеларката Ангела Меркел им оддаде почит на оние кои ги загубија животите на Берлинскиот ѕид.

Најмалку 138 луѓе беа убиени, повеќето застрелани од источно-германските граничари во обид да побегнат, и во нивна чест се отвора и нова изложба. Местото со последните остатоци од Берлинскиот ѕид, кој е зачуван заедно со граничните караули. Меморијалот досега го посетиле повеќе од 5 милиони луѓе. Прославата ќе заврши вечерва со свечено пуштање  7.000 балони од светлосната инсталација која е поставена на трасата каде некогаш се наоѓал ѕидот.