Северна Кореја ги ослободи двајцата киднапирани американци
09.11.2014 16:30
Нивното ослободување беше реализирано со тајна мисија од највисоките кругови на американската агенција за безбедност.

Двајцата американци кои ги држеше Северна Кореја пристигнаа ноќеска во Вашингтон. Нивното ослободување беше реализирано со тајна мисија од највисоките кругови на американската агенција за безбедност.
Метју Милер од Калифорнија и Кенет Бае од Вашингтон слетаа со авион во воената база во близина на американската метропола придружувани од Џејмс Клапер директор во Националната агенција. Тој е највисок американски функционер кој го посетил Пјонгјанг по повеќе од една деценија.
