Источна Украина

Жестоки артилериски борби во Доњецк

09.11.2014 16:49

Борбите започнале околку 2 часот по локално време и траеле речиси два часа, при што се слушале стрелби и експлозии. Ова се најжестоки борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во Доњецк од 5 септмври, кога стапи во сила договорот за прекин на огнот меѓу двете страни...

Во источна Украина повторно се водат интензивни артилериски борби. Во реонот на Доњецк изминатата ноќ се слушале бројни истрели од артилериски орудија, јавија локалните медиуми.

Борбите започнале околку 2 часот по локално време и траеле речиси два часа, при што се слушале стрелби и експлозии. Ова се најжестоки борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во Доњецк од 5 септмври, кога стапи во сила договорот за прекин на огнот меѓу двете страни.

Мисијата на ОБСЕ синоќа изрази „длабока вознемиреност“, бидејќи нејзините набљудувачи забелажале движење на тенкови во регионот од источна Укрина што се под контрола на сепаратистите.

Набљудувачите  регистрирале 40 тенкови и камиони без регистарски таблички, кои превезувале 122-милиметарски топови и луѓе „во зелени унифорни без ознаки“ , како и девет тенка, југозападно од Доњецк.