Симболичен референдум за независноста на Каталонија
09.11.2014 16:52
На барање на централната влада во Мадрид, уставниот суд на Шпанија во два наврата го прогласи организирањето на референдум за независнот на Каталонија за незаконско, по што властите во Барселона се решија само на спроведување на „симболично изјаснување“ на граѓаните.

Регионалните националистички власти на Каталонија денеска спроведуваат „симболично изјаснување за независност“, на кое околу 5,4 милиони каталонски жители, без правно значење, треба да се изјаснат дали се за отцепување на регионот од шпанија.
На референдумот, што и покрај противњето на Мадрид го организира регионалната влада на премиерот Артур Мас, Каталонците треба да одговорат на две прашања: „Дали сакаат Каталонија да стане држава“ и ако сакаат, „Дали таа треба да биде независна“.
На барање на централната влада во Мадрид, уставниот суд на Шпанија во два наврата го прогласи организирањето на референдум за независнот на Каталонија за незаконско, по што властите во Барселона се решија само на спроведување на „симболично изјаснување“ на граѓаните.
Според Мас, денешното изјаснување на каталонците не претставува референдум и со гласањето не се кршат законите и одлуките на уставниот суд.
