Комеморација во спомен на починатите британски војници
09.11.2014 16:56
Оваа служба е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир, рекоа од британската амбасада...

Во спомен на загинатите борци од Првата светска војна на Битанските гробишта во Скопје се одржа служба на која присуствуваше дипломатскиот кор во земјава и воените аташеа.
Венец положи и македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски. Оваа служба е со цел да се потсетиме на сите оние од различни националности, воени лица или цивили, кои го изгубиле својот живот во војна или конфликт или за каузата за мир, рекоа од британската амбасада.
На гробиштата во Скопје почиваат 120 војници од британија и земјите на комонвелтот.
