Оман

Тристрани разговори за иранската нуклеарна програма

09.11.2014 17:03

Во четвртокот САД соопштија дека на оваа средба не очекуваат да биде постигнат конечен договор за иранската нуклеарна програма, иако се наближува крајниот рок за тоа...

Во оманскиот главен град Маскат денеска ќе се одржи средба на американскиот државен секретар Џон Кери, шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф и поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, посветена на иранската нуклеарна програма.

Во четвртокот САД соопштија дека на оваа средба не очекуваат да биде постигнат конечен договор за иранската нуклеарна програма, иако се наближува крајниот рок за тоа. 

По средбата во Маскат, се очекува да се одржи нов круг преговори за иранската нуклеарна програма меѓу иран и меѓународната „шесторка“.