Падна српскиот Ал Капоне - Уапсен е Космајац, најголемиот српски нарко дилер

09.11.2014 17:10

61-годишниот криминалеце уапсен во неговиот луксузен дом од над 7000 квадрати во населбата Ѕвездара. Приведени се уште 7-мина кои се сомничат дека мупомагале во серија дела – од шверц до даночно затајување...

„Се концентриравме на она што може веднаш да се докаже, а тоа се финансиските злоупотреби- потеклото на неговиот имот и на даночните злоупотреби. Истрагата на ваков начин дава податоци за нови кривични дела. Така и ФБИ- поради неплаќање данок, ја докажа вината на АЛ Капоне“, изјави Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Р.Србија.

Овој случај беше актуелен и пред 15-20 години. Колку е опасен Космајац прв пат пред јавноста посочи летото српскиот премиер.

„Космајац е главен за многумина во земјата. Викаат дека е најинтелигентниот нарко дилер. И сите се плашат името да му го споменат. Ни печатот пишува за него, ни некој смее било што да каже за него. Сите се плашат и молчат да кажат дека е поврзан со лица од полицијата и од разни служби“, рече Александар Вучиќ, премер на Р.Србија.

Во т.н. Бела книга на српската полиција од 2001 година, Космајац се посочува како еден од најважните трговци со опојни дроги на Балканот.

Тој се поврзува со шверцот на кокаин од Јужна Америка во Европа. Медиумите во Србија објавуваат дека Космајац лично бил близок соработник на наркобосот Пабло Ескобар и на Драко Шариќ. Според српските власти на рутата на шверцот на Космајац, се наоѓа и Македонија. Наводно, тој имал разработен канал за пренесување на дрогата од Турција, преку Бугарија, Македонија, ЦрнаГора и Србија за земјите од Западна Европа.

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ