Пуштен во употреба патот од Негорци до Серменин
Вкупната инвестиција на целиот пат изнесува 800 илјади евра, а само последната фаза чини 310 илјади евра...

Седум километри е вкупната должина на патот од Негорци до Серминин што официјално беше пуштен во употреба денес. Локалниот пат кој ги поврзува двете гевгелиски села се градеше во три етапи. Во првата со буџетот на министерството за транспорт беа изградени околу 4,5 километри, еден од Општината и последсните два со пари од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој.
„Се подобрува калитетот на животот, но се овозможува и влез на домашни и стран ски инвестиции, бидејќи тоа го овозможува инфраструктурата“, рече Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски.
Вкупната инвестиција на целиот пат изнесува 800 илјади евра, а само последната фаза чини 310 илјади евра.
Канализационата мрежа ќе врши и еколошка функција, посочуваат локалните власти.
„Отпадните води нема директно да влкегуваат во Вардар, туку овој колекториски систем е поврзан со ситемот на Гевгелија и водите ќе бидат пречистени на едно место, вели Иван Франгов, градоначалник на Општина Гевгелија.
Досега во Македонија се изградени или реконстриурани четириесетина водоводни и канализациони мрежи со заемот обезбеден од Светска банка кој чини 50 милиони евра, а се работи на новите проекти за други населени места.
Катерина Давчева
