Министерството за образование го објави договорот за програмата „Кембриџ“

09.11.2014 17:25

Заменик министерот за образование одговори на прозивката одопзициската СДСМ дали зад проектот стои вреден купопродажен договор...

790.000 евра,  а не 12 милиона евра  е сумата на која што гласи договорот потпишан мегу Министерстото за образование и Меѓународниот центар за наставни програми Кембриџ. Заменик министерот за образование одговори на прозивката одопзициската СДСМ дали зад проектот стои вреден купопродажен договор.

СДСМ се обидува да каже дека се работи за некаква невладина организација што е срамно да се коментира за Универзитетот Кембриџ, а деновиве, пак обвинува за склучување некаков наводен купопродажен договор вреден 12 милиони евра’. рече Спиро Ристовски, заменик министер за образование.

Ланскиот договор ги опфаќал предметите од трето одделение. Државата ја чинел нешто над 604 илјади фунти,објасни Ристовски. Договорот потпишан во петокот епродолжување и воведување на програмата и во четврто, петто и шесто одделние. 

Дијана Ценевска