Ескалираше состојбата во Мексико - Демонстрантите се судрија со полицијата
Ескалираше состојбата во Мексико. Мирните демонстрации преминаа во судири со полицијата. Мексиканците бараат правда.

Возила во пламен, уништени објекти,бомби и напад на полцијата, запалена и врататата на претседателската плата, тоа е сликата од Мексико Сити ноќеска. Илјадници демонстранти го искажаа револтот поради исчезнувањето и грозоморното убиство на 43-цата студенти од страна на нарко банда која соработувала со полицијата.
„Ова што се случува е навистина жално, навистина грдо. Не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори. Се обединивме за да им дадеме подршка на семејствата“, вели Марија Круз жител на Мексико Сити.
„Ние ќе маршираме и ќе бараме правда за смртт на младите луѓе“, вели еден од протестантите.
Демонстрантите со транспаренти “Ги сакаме назад живи“, палеа свеќи во знак на почит. Властите веќе објавија наоди дека студентите се убиени.
„Ние ќе имаме големи проблеми во идентификацијата, но ќе продолжиме со истрагата“, рече Хесус Муриљо државен обвинител на Мексико.
Родителите бараат независна анализа на остатоците во Аргентина. Полицијата ја подигна безбедноста на највисоко ниво.
Студентите исчезнаа на 26 септември, одејќи во Игуала да протестираат поради дискриминаторската политика при вработувањата. При што беа нападнати и маскарирани. Поради инволвираност во грозоморниот чин, властите досега уапсија 74 луѓе меѓу кои 36 полицајци како и градоначалникот и неговата сопруга. Во Мексико од 2006 година повеќе од 80.000 луѓе се убиени, а над 22.000 се исчезнати.
Марија Петковска
