Економската глобализација ги надминува политичките структури на Студената војна
Пред 25 години на денешен ден, Германците од двете страни на Ѕидот се соединија. Ѕидовите ги има и во современиот контекст, понекогаш се и пожелни...

Просторот на кој се протегаше високото здание денеска е исполнет со 7.000 балони. Канцеларката Меркел одаде почит на 138- мината кои загинале во обид да преминат на западната страна од поделениот Берлин. Берлинците се присетуваат на паѓањето на ѕидот со што симболичносе тргна железната завеса.
„Пешачев цела ноќ, за да стигнам до тука. Тогаш беше навистина страшно.“
„Дури и за нас Берлин ова е нешто посебно. Ова е градот на слобода и толеранција во светот“, велат анкетираните граѓани.
Пред 25 години заврши Студената војна меѓу Истокот и Западот, но ривалитетот продолжи. Наши аналитичари оценуваат дека економската глобализација се прелева врз политичките структури кои функционираат од концептот на Студената војна.
„Во голема мерка државите го загубија монополот на моќ кој го имаа врз неколку сектори, а таквиот монопол на моќ го имаат некои недржавни актери, како што се корпроации, кои имаат значително боголем буџет од многу дрѓави во светот со што имаат и значително поголема моќ на влијание за политички одлуки“, вели професорот Методи Хаџи Јанев.
Со ваков сет на околности неможе да се избегнат ѕидовите констатира Хаџи Јанев. Кинезите сеуште го имаат својот, израелците го градат како мерка на заштита.
„Можеби според одредена перспектива претставуваат сериозен проблем и предизвик, но од одредена перспектива секако се гарант за стабилноста во дадени региони. Од аспект на теорија на одвраќање, да некој не прави нешто. Прва работа од аспект да градење на стабилност, кој ќе гарантира баланс на некаков однос или пак од аспект во услови кога немате правила или прописи кои се дизајнирани да се регулираат недржавните актери, тие секако се гарант за стабилност“, вели професорот Методи Хаџи Јанев.
Професорот на Воената академија сепак вели дека светот не оди кон Студена војна. Според него, глобализацијата води кон регионализација која ќе одреди дали ќе се подигнат ѕидови или ќе води кон мултиполарен пристап во одреден регион.
Миле Ристески
