Семејството на Дениса и понатаму се сомнева во ДНК анализата направена во Грција
Целата постапка се повторува по барање на родителите на дениса. Во нивниот дом во прилеп денеска пристигнаа две информации.. Дарко штаргоски ни пренесува повеќе детали...

Денот за семејството Маркоски од Прилеп започна со изненадување, затоа што кога МРТ го контактираше таткото на Дениса, Кирил Маркоски, тој од нас ја дозна информацијата дека телото, за кое грчките власти тврдат дека е она на Дениса, пристигнало во Македонија, во раните утрински часови на Институтот за судска медицина во Скопје. За ова информација тој дури доцна попладнево бил известен од страа на македонските органи.
Во шок не сакаше јавно да зборува. Истакна само дека му било потенцирано дека моментално се работи на припрема на телото во Институтот за судска медицина во Скопје, и дека му било кажано дека деновиве ќе бидат известени кога да појдат во Скопје за да се направи споредба на ДНК материјалите. Понатаму не можеше да каже никакви детали околу овој случај.
Само истакна дека се сомневаат во ДНК анализата направена во Грција, во која што се тврди дека пронајденото тело кај грчкиот остров Карпатос е она на Дениса, и сакаат нова споредба кај нас. Како понатаму ќе се одвива целиот случај останува да се види во наредните денови.
Дарко Штаргоски
