Пуштени во употреба патот за село Лавци и повеќенаменско игралиште во Битола
09.11.2014 18:15
Во општина Битола во завршна фаза е изградбата на три тениски терени, а до крајот на 2018 година ќе бидат изградени уште четири со што ќе биде заокружен процесот на изградба на капитални спортски терени во оваа локална самоуправа...

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, денеска ги пушти во употреба новиот локален пат кон селото Лавци и повеќенаменското спортско игралиште во ОУ „Даме Груев“ во Битола.
Новиот асфалтен пат, долг 758 метри, е инвестиција финансирана со средства што Владата ги обезбеди од ЕБРД и во соработка со општина Битола.
Министерот го пушти во употреба и новото повеќенаменско спортско игралиште во ОУ „Даме Груев“, во придружба на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и нивниот денешен домаќин, градоначалникот Владимир Талески.
Повеќенаменското спортско игралиште е во рамки на владиниот проект за „Изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта“ кој го реализираат Агенцијата за млади и спорт и локалните самоуправи, и е 19-то по ред целосно изградено игралиште, а наскоро свечено во употреба ќе бидат предадени уште 35 повеќенаменски спортски терени низ државата, потври Марјан Спасески, директор на Агенцијата за спорт и млади.
Во општина Битола во завршна фаза е изградбата на три тениски терени, а до крајот на 2018 година ќе бидат изградени уште четири со што ќе биде заокружен процесот на изградба на капитални спортски терени во оваа локална самоуправа.
