Работнички шампионски во Тетово
Два гола постигна Стојков, еден Алтипармаковски. Единствениот за Шкендија беше дело на Кировски...

Фудбалерите на Работнички продолжуваат со блескавите игри. Во Тетово го добија дербито од 15-то коло против Шкендија со 3:1. Два гола постигна Стојков, еден Алтипармаковски. Единствениот за Шкендија беше дело на Кировски. Тоа е седма последователна победа на македонскиот првак.Вардар со 3:1 му нанесе пораз на Металург. Вредна победа оствари Силекс на гостувањето во Битола против Пелистер со 1:0.Брегалница беше подобра од Ренова со 2:0. Хоризонт со ист резултат од 2:0 ги освои бодовите во Турново против Тетекс.
Прва лига:15 коло
Вардар-Металург 3:1
Шкендија-Работнички 1:3
Пелистер-Силекс 0:1
Брегалница-ренова 2:0
Хоризонт- Тетекс 2:0
Табела:
1.Вардар 37
2.Работнички 31
3.Шкендија 24
4.Силекс 24
5.Металург 21
6.Хоризонт 20
7.Ренова 19
8.Плистер 17
9.Брегалница 12
10.Тетекс 2
