Иванов ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“
10.11.2014 08:38
Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА...

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска свечено ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2014/2015 година.
На свеченоста ќе се обрати и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Стипендиите, традиционално, се доделуваат на 20 најдобри студенти за постдипломски студии на Програмата за бизнис администрација - МБА на Сити колеџот во Солун, Факултет за меѓународни студии, при Универзитетот „Шефилд“ од Велика Британија.
Стипендиите ги обезбедуваат Министерството за образование и наука на Република Македонија и Универзитетот „Шефилд“.
