Албанскиот премиер Еди Рама во посета на Белград

10.11.2014 08:46

Прес-службата на српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти дека е предвидена тет-а-тет средба на двајцата премиери, потоа потпишување договори...

Албанскиот премиер Еди Рама ќе пристигне денеска во историска посета на Белград, прва на албански премиер во изминатите 68 години.
 
Прес-службата на српскиот премиер Александар Вучиќ соопшти дека е предвидена тет-а-тет средба на двајцата премиери, потоа потпишување договори, иако не е прецизирано кои, како и изјава за медиуми, јави Танјуг.
 
Рама ја одложи за три недели посетата што беше планирана за 22 октомври поради сериозен инцидент на фудбалски натпревар во Белград на 14 октомври меѓу репрезентациите на Србија и на Албанија.
 
- Белград ќе има средба со Рама со надеж дека посетата ќе биде повод за „отворени разговори“ што ќе дадат можност да се „сврти страницата“, наведува за западни медиуми српски извор близок до Владата.