Пожарот во зградата на Владата локализиран

10.11.2014 10:15

Неофицијално, пожарот настанал поради искри при заварување во објектот...

Пожар во зградата на владата избувна изутрината. На терен се шест противпожарни возила, според првичните информации, сите вработени се евакуирани.

Неофицијално, пожарот настанал поради искри при заварување во објектот. Огнот е локализиран. Пожарникарите се обидуваат да дојдат до изворот.

Во текот на денот очекуваме повеќе информации.